СДСМ поднесува 160 амандмани на ребалансот на Буџетот

Пратеничката група на опозицискиот СДСМ најави дека поднесува 160 амандмани на ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека предложениот ребаланс не нуди подобрување во економијата, туку претставува доказ за, како што велат од партијата, целосниот неуспех на економската политика на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата оценуваат дека со ребалансот не се предвидени средства за соодветно покачување на платите на работниците, за поголеми плати во образованието, здравството, пари за поведените и семјствата на настраданите во пожарот во Кочани, ниту, пак, за заштита на стандардот на граѓаните. Оценката на СДСМ во оваа смисла е дека предложениот буџетски ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента.
„Власта крати пари од граѓаните за да има повеќе пари за луксузирање на функционерите. Со овој ребаланс власта ги намалува субвенциите и социјалните трансфери за 30 милиони евра, што е директен удар врз земјоделците, работниците, семејствата со ниски приходи, социјално загрозените. Истовремено се зголемуваат трошоците за стоките и услугите за Владата, значи за повеќе папаја, манго, приватни авиони и скапи авантури за функционерите“, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција во Собранието.