Проблемот со училиштето во Нерово добива решение

Проблемот со училиштето во селото Нерова изгледа оди кон конечно решение. Владата со последната одлука ја задолжи Општина Крушево да ги преземе сите неопходни мерки за легализација на училишниот објект. Според нашите информации, извршниот орган, по добиениот извештај од работната група составена од неколку институции, утврдил дека прашањето со училиштето во Нерова е во надлежност на локалната власт, но наложил решавање на нејзиниот статус, одобрувајќи го барањето државното земјиште да премине во сопственост на општината. Со ова се отвори патот кон легализација.
Алсат уште од почетокот го пријави проблемот со учениците во училиштето во Нерова и условите во кои тие учеа. Жителите изразија задоволство од оваа одлука и бараат постапката за легализација да се заврши пред почетокот на новата учебна година.
„Пред две или три недели, Министерството за образование најави дека ќе испрати екипа од министерството да го разгледа новиот и стариот објект, дали ги исполнуваат условите за обнова. Во оваа екипа имаше претставник од секторот за капитални инвестиции кој ги виде двата објекта и изготви финален извештај за нив. Од страна на министерството немаше ништо друго, но имавме делегација од Општина Крушево која направи елаборати за новиот објект, а потоа нè посети и амбасадорот на Албанија, кој рече дека ќе помогне колку што може за ова прашање. Последната информација што ја имаме е дека Владата вчера на владина седница дала позитивен сигнал сопственоста да премине во рацете на Општина Крушево“, рече Дашмир Јусуфи – жител на селото Нерова, Крушево.
Според градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, во телефонски разговор рече дека сега ќе побара од Министерството за образование да продолжат со градежните активности и да се приспособи училиштето за нормално одвивање на воспитно-образовниот процес.
„Владата на вчерашната седница донесе одлука за легализација, односно вклучување во урбанистичкиот план на селото Нерово, по што ќе продолжат процедурите за легализација. Со ова се отстранети многу прашања, и не дозволивме во изминатите месеци некој да создаде тензии или етнички поделби во целата општина. „Во наредниот период ќе го вметнеме објектот како скица во урбанистичкиот план на Нерова и ќе побараме од Министерството за образование објектот да се дооформи, реконструира или санира, со единствена цел да се создадат услови за настава и соодветен кадар за започнување на учебната година во септември“, вели Христовски.
Иницијативата за изградба на новиот училишен објект во Нерова започна како доброволна иницијатива од самите жители, по барањата на родителите за подобри услови за 120-те ученици Албанци во училиштето „Никола Карев“. Откако им беше забрането да продолжат со изградбата на објектот подигнат со сопствени средства, тие излегоа на протест, а децата го бојкотираа наставата.
Авни Тахири