ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројни критики по изјавата на комесарката за проширување Кос

Јавноста и опозицијата не ја пречекаа со одобрување изјавата на Kомесарката за проширување на Европската Унија за македонската традиција и идентитет, во која ги спомна локалните традиционални јадења. Од СДСМ апелираат за внимателност при давање вакви изјави.

Advertisements

СДСМ:
„Очекувавме Kомесарката Кос да го нагласи она што самата ЕУ го има потврдено во сите документи и сите договори – дека македонскиот јазик и идентитет се целосно признати од Унијата. И јазикот и идентитетот се јасно потврдени во сите досега потпишани договори со ЕУ. Не веруваме дека Kомесарката имала лоша намера, но апелираме дека кога се говори за чувствителни прашања и теми, кои за жал непотребно се отвораат иако се јасно затворени, треба да се внимава со изјавите.“

Левица ја оценува изјавата како релативизирање и обезвреднување на идентитетот.

Левица:
„Изјавата на Европската комесарка ја оценуваме како релативизирање и обезвреднување на националниот идентитет на македонскиот народ. Давајќи му фолклорна карактеристика на националниот идентитет, претставничката на ЕУ се обиде да го одвои идентитетот од неговите историски, национални, политички и државотворни карактеристики – односно од основните елементи на идентитетот, кои се предмет на спор и поради кои Бугарија не ѝ дозволува на Македонија да продолжи со евроинтеграциските процеси.“

Премиерот изјави дека своето мислење за оваа изјава го дал претходниот ден и дека ѝ го препушта на јавноста да ја коментира.

Изјавата на Кос дадена претходниот ден при нејзината посета на Скопје налути дел од јавноста која реагираше на социјалните мрежи.

„Идентитетот, според мое мислење, никогаш не може да биде прашање на политички одлуки. Идентитетот е нешто што го носиме во душата и во срцето, идентитетот е како се чувствуваме за нашата земја, идентитетот е како се грижиме за нашите традиции – како манастирите, како „погача“, „тавче гравче“, „пинџур“ или „полнети пиперки“, тоа е начинот на кој гледаме на традиционалната облека, какво однесување имаме кон постарите, каков став имаме кон нашиот јазик – и тоа е нешто што никој не може да им го одземе на Македонците“, рече Кос.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button