
Шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвурy од ноќеска е ставен под контрола. Не постои никаква опасност за туристичките сместувачки капацитети или домовите во Ситонија. Посетителите и жителите можат да останат мирни, бидејќи ситуацијата е нормализирана, напиша на Фејсбук градоначалникот на општината Јоанис Малинис.
Малинис додаде дека постоела масовна мобилизација и благодарение на брзата интервенција на силите на противпожарната служба, волонтерите, полицијата, Министерството за цивилна заштита и поддршката од воздушните средства, пожарот е ставен под контрола.
Пожарот избувна вчера, околу 16 часот по локално време во густа борова шума, во непрооден и тешко пристапен предел.