ВЕСТИСВЕТ

Данска го отвора своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ

Данска денеска го отвора своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ со официјална церемонија во вториот по големина град во Данска, Орхус.

Advertisements

Данската премиерка Мете Фредериксен ги покани претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нејзиниот тим, како и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на оваа пригода.

Данската влада и Европската комисија прво ќе учествуваат на заеднички состанок на Универзитетот во Орхус, каде што Фредериксен и фон дер Лајен подоцна ќе одржат прес-конференција.

Во меѓувреме, планирана е посета на уметничкиот музеј „АРос“ во градот со кралот Фредерик Десетти и неговата сопруга кралицата Мери.

Данскиот кралски пар подоцна ќе организира прием на кралската јахта „Данеброг“ пред официјалната церемонија за започнување на шестмесечното претседателство на Данска со Советот на ЕУ што ќе се одржи вечерва во Градското собрание на Орхус.

Градот Орхус е домаќин и на европски уличен фестивал со концерти, дебати и заеднички оброци.

На 1 јули, Данска официјално го презеде ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ од Полска.

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска има намера да се фокусира главно на прашањата за безбедноста и конкурентноста на блокот во текот на следните шест месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button