ВЕСТИСВЕТ

Следната недела ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Европскиот парламент следниот четврток ќе гласа за предлог за доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тајните пораки што таа ги разменила со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурл, во 2021 година, за испорака на вакцини од ЕУ во екот на пандемијата на коронавирусот.

Advertisements

Шестмина функционери за „Политико“ изјавија дека фон дер Лајен ќе присуствува на дебата со пратениците во Стразбур во понеделник, по што ќе следи гласање за доверба три дена подоцна.

Ова е прв пат по повеќе од една деценија шеф на ЕУ да се соочи со таков потег.

Доколку се усвои предлогот за недоверба, тоа би довело до оставка на целата ЕК и би започнал сложен процес на назначување на 27 нови европски комесари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button