ВЕСТИСВЕТ

Топлински бран во Шпанија: 102 смртни случаи за неколку дена

Од минатата сабота, кога започна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со високи температури и топлина, објави Системот за дневно следење на смртноста од сите причини (MoMo).

Advertisements

Вкупниот број на смртни случаи во јуни оваа година, кој според Националната метеоролошка агенција (Aemet) е оценет како најжешкиот месец некогаш регистриран во земјата, достигна 380, објави шпанскиот весник Elmundo.

Податоците на MoMo покажуваат дека вкупно 2.168 смртни случаи поврзани со високи и ниски температури се регистрирани во првата половина од годината, што претставува 68 проценти од вкупниот број на смртни случаи предизвикани од температурите во текот на 2024 година, кога беа пријавени 3.521 смртни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button