ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Поскапени угостителските услуги и прехранбените производи, велат од Синдикатот за угостителство

Поскапени се угостителските услуги, но и прехранбените производи по завршувањето на владините мерки. Цените не ја одразуваат ралната економска состојба на граѓаните, посебно на работниците. Повеќето од нив не можат да си дозволат да се напијат кафе на плоштад зашто е енормно скапо, смета претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство занаетчиство и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски.

Advertisements

Според него, апсолутно е нереално еспресо да чини 150 денари.

-За жал, да, зголемени се цените на прехранбените производи, кафето и другите усгосителски услуги. Сведоци сме дека во последниот период, по завршувањето на мерките што ги донесе Владата има покачување на цените. Доказ за тоа е и Државниот завод за статистика кој пред извесен период излезе со податоци за инфлацијата во периодот мај – април. Видовме дека покачувањето е околу 3,3 отсто. Тоа е повеќе од доказ за она шти ние самите, граѓаните и работниците, го гледаме во продавниците и по пазарите, дека навистина има зголемување на цените. Доказ е, исто така, и синдикалната потрошувачка кошничка која е покачена по завршувањето на мерките за замрзување на цените на производите. Сметам дека цените не ја одразуваат ралната економска состојба со која нашите граѓани, работниците би можеле да си дозволат да се напијат кафе на плоштад. Според мене е енормно скапо, изјави Кашиковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button