
Турскиот фудбалски гигант Фенербахче, предводен од португалскиот стратег Жозе Мурињо, покажува голем интерес за играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Асенсио (29) и напаѓачот на Ница, Еван Гесан (23).
Асенсио се врати во ПСЖ од позајмицата во Астон Вила, но нема долго да остане во Париз. Според француските медиуми, Асенсио не е во плановите на Луис Енрике за новата сезона и шпанскиот играч од средниот ред ќе мора да бара нова клупска средина.
Француските медиуми наведуваат дека Мурињо е сериозно заинтересиран за потписот на Асенсио во настојувањата да состави тим кој конечно би ја прекинал тригодишната доминација на Галатасарај во турскиот фудбал.
Мурињо сака да го засили својот тим и со напаѓачот на Ница, Еван Гесан. Медиумите наведуваат дека Фенербахче понудил 25 милиони евра за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.