ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за пожарот во Кочани ќе го води Кривичниот суд во Скопје

По целосна анализа на штипска Апелација и увид во состојбите одлучивме судењето за пожарот во ноќниот клуб Пулс во Кочани да го води Кривичниот суд во Скопје, изјави Африм Фидани, кој денеска и официјално ја положи заклетвата како нов претседател на Врховниот суд. Фидани рече дека оценка се правело и на состојбата во судовите на околните градови во близина на Кочани.

Advertisements

„Што се однесува до основен суд во Кочани, каде што јас и бев одговорен за основен суд Кочани и можеби подобро ги разбирам работите. Недостасуваат човечки ресурси, пред се судии. Некоја анализа е направена од страна на Штипска апелација и во однос на другите основни судии на подрачјето на Штипска апелација, ги анализиравме сите аспекти и сметавме дека најцелисходно е да се предаде предметот во Кривичен суд во Скопје“, рече Фидани.

Сега Кривичниот суд ќе треба да определи кривичен совет за оцена на обвинителниот акт, а потоа предметот да се определи кај надлежен судија. За причините за пожарот во Кочани во кој загинаа 62 лица, обвинение има против 34 физички и три правни лица. Инаку, покрај тоа што Фидани положи заклетва, денеска во судскиот совет истото го направија и судиите од Кривичен Марија Клетничка Марковска, Оља, Ристова, Иван Џолев и Бетим Јахја, кои добија унапредување и ќе бидат судии во Апелацискиот суд Скопје за кривична област. Бидејќи Иван Џолев беше и претседател на Кривичен, како вршител на должноста на  функцијата претседател судски ја определи судијката Даниела Димовска. Димовска, која досега работеше како судијка во Одделот за гонење организиран криминал во истиот суд, ќе ја извршува функцијата од 6 јули до завршување на постапката за избор на нов претседател. Даниела Димовска е избрана за судијка во Основниот кривичен суд Скопје во септември 2016, каде што првично работеше како судија во претходна постапка. Свечена изјава даваше и судијата Хаџо Тариќ кој е избран да раководи со Основниот суд Крушево.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button