Под лупа лиценците на компаниите што преработуваат канабис за медицински цели

Владата наскоро ќе започне со преиспитување на лиценците што им биле издадени на компаниите за преработка на канабис за медицински цели. Оваа одлука на извршната власт доаѓа поради злоупотребите направени од овие субјекти, при што канабисот, наместо за медицински цели, завршувал на црниот пазар. Таков е случајот со заплената на над 100 килограми во Струмица. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека многу скоро јавноста ќе дознае кој министер, од кој субјект и на кои компании им дал дозволи за преработка на канабис.
Во пазарот за преработка на канабис за медицински цели се вклучени претежно странски државјани, но и државјани на Северна Македонија. Во неколку наврати, полицијата запленила канабис во вредност од неколку милиони евра, а на компаниите им биле одземени лиценците. Иако актуелниот закон им овозможува повторно добивање на лиценца, некои од нив веќе се затворени.
Оваа индустрија е најразвиена во регионите на Пелагонија, Вардар, Југоисточниот регион, како и во Полошкиот регион. На ниво на држава функционирале околу 100 компании за преработка на канабис за медицински цели. Некои од нив беа затворени откако Владата одби да ги усвои законските измени што ќе им овозможеа и производство на сув канабис, како и извоз надвор од државата.
Алсат