ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ: Државата изгуби речиси 40 милиони евра од Планот за раст на ЕУ

Државата изгуби речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европска Унија што беа наменети за поддршка на реформите што директно влијаат врз економијата, енергетиката, образованието и стандардот на граѓаните, соопштија денеска од ДУИ.

Advertisements

„Неспособноста, некоординираноста и институционалниот хаос станаа пречка дури и за повлекување на веќе одобрени фондови. Министерството за енергетика доби негативна оценка од Брисел за реформите што требаше да ги спроведе до декември 2024 година, со што државата остана без 2,1 милион евра. Истото министерство не ги исполни ниту обврските за јуни 2025 година, со што се изгубија уште најмалку 10 милиони. Министерството за финансии, пак, со ист таков неуспех, го загуби најголемиот дел од очекуваните 4,2 милиони евра. Три министерства, три сериозни институции, и ниту едно чувство на итност, одговорност“, посочуваат од ДУИ.

Оттаму нагласуваат дека државата требаше да добие 17 милиони евра за реформите до декември и уште 70 милиони за обврските до јуни.

Од ДУИ бараат објаснување, кој е одговорен за загубата и што ќе преземе Владата „за да спречи нова катастрофа“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button