ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија), одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо, обезбедување микроклиматски услови за работа од страна на работодавачите согласно акцискиот план односно простории со температура до 25 степени Целзиусови, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку, активирање планови за вонредни услови, и сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

Advertisements

Ова се препораките кои денеска ги донесе Владата на препорака на Министерството за здравство согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030 година, со што се активира фаза 3, што ќе трае до 8 јули.

Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност, посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека заедно со сите надлежни институции ќе продолжат со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Топлотниот бран што ја зафати земјава, според УХМР, ќе трае до средината на наредната седмица. Ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува и 40 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button