ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од денес, системот „Уан стоп шоп“ официјално е ставен во функција на граничниот премин Табановце

Од денес, системот „Уан стоп шоп“ официјално е ставен во функција на граничниот премин Табановце

Од денес, системот „Уан стоп шоп“ официјално е ставен во функција на граничниот премин Табановце со Србија.

Advertisements

Со воспоставувањето на Уан стоп шоп, влезот во земјава ќе го контролира само полицијата на нашата земја, додека излезот ќе го контролира само српската полиција.

Според двајцата министри за внатрешни работи, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, потпишувањето на овој договор ќе го олесни движењето на граѓаните на двете земји, како и на странските посетители кои ги посетуваат двете држави.

„Јас сум од генерацијата која немаше висока технологија и технички вештини и немам многу доверба во сето тоа. Но, се надевам дека сè ќе функционира онака како што сме планирале и дека тоа ќе резултира со што е можно пократко чекање и дека граѓаните ќе бидат задоволни“, рече Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

Досега, граничниот премин Табановце беше меѓу најфреквентните, особено во текот на летото, каде што луѓето чекаа со часови за премин, а се формираа долги редици и на влезот и на излезот од овој граничен премин.
Покрај на Табановце, „Уан стоп шоп“ оваа година се применува и на границата со Косово, додека Тошковски најави дека наскоро ќе се применува и со Република Албанија./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button