„Бајачот“ од Трубарево во Скопје успеал да се стекне со 400 илјади евра во период од 3 години од парот од Берово, под изговор за духовно лекување на нивниот син
„Бајачот“ од Трубарево во Скопје успеал да се стекне со 400 илјади евра во период од 3 години од парот од Берово, под изговор за духовно лекување на нивниот син

Сериозен случај на измама е откриен од полицијата во Штип и Берово. 54-годишен маж од селото Трубарево во Скопје незаконски прибавил околу 400 илјади евра од постар пар од Берово, претставувајќи се како „човек на Бога“ со способности да ги отстрани магиите и да го спаси животот на нивниот син. Според пријавата на 76-годишниот Б.Д. од Берово, измамата се случувала во периодот од 2022 до 2025 година. Осомничениот Д.И., 54-годишен, ги убедил сопружниците дека нивниот син е жртва на магија која го загрозува неговиот живот и здравје.“
„Оштетените лица во неколку случаи и на различни локации во Скопје и Берово му дале пари во износ од 5.000 до 6.000 евра за помош, при што осомничениот се стекнал со противправна имотна корист од 400 000 евра во текот на тригодишниот период“ – МВР.
По наредба на Јавниот обвинител во Кочани, полицијата презеде итни мерки и осомничениот е уапсен заедно со неговата 76-годишна мајка од Трубарево. При претрес во нивниот дом се одземени 3.000 евра готовина и предмети поврзани со кривичното дело измама. На двајцата уапсени им е поднесена кривична пријава за „измама“ и се предадени на судија на претходна постапка во Основниот суд во Кочани. Според МВР, истрагата продолжува за целосно расчистување на случајот..