Мали се шансите за да го следиме чекорот на европските земји за зголемување на старосната граница
Мали се шансите за да го следиме чекорот на европските земји за зголемување на старосната граница

Мали се шансите за да го следиме чекорот на европските земји за зголемување на старосната граница. Од Стопанската Комора велат дека треба да се овозможи на граѓаните кои што заминуваат во пензија, доколку се подготвени и има договор од двете страни, односно, работодавачот и пензионерот да може да им се продолжи границата за пензија.
Додека од Сојузот на пензиоери велат доколку сакаме да го следиме трендот од европските земји на покачување на старосната граница, треба да го следиме и начинот на живеење таму.
„Кога се покачува старосната граница, вие треба да го имате предивд и работникот што работи покрај висока печка, да го имате предвид и текстилниот работник, бидејќи сега условите за устварување на правотот на пензија кај нас се 62 години 64 маж а со најмалку 15 години пензиски стаж. Ако направите компарација со начинот на живеење таму, со трање на работното време, со сите други услови кои што таму ги има и тука не се идентични тие се дивергентни, но затоа и неслучајно самата држава си ја одредува возраста за пензионирање“, велат од Сојуз на пензионери.
Дурим Зеќири од Стопанската Комора на Северозападна Македонија, вели дека македонсктата економија бележи пад на продуктивноста, овие податоци говорат од фактот дека секој граѓанин кој што заминува во пензија, нема соодветна замена и тие бараат доколку има договор помеѓу работникот и работодавецот да му се овозможи на работникот да работи и по 64 години.
„Ние како комора бараме да се овозможи на тие граѓани кои што заминуваат во пензија, доколку се утврдува дека има психофизичка подготвеност и има воља од двете страни, значи работодавачот и пензионерот во овој случај, работникот да се овозможи да се работи во тие простории во тие сегменти на економијата каде што нема многу отежнувата било тоа физички или пак отежнувања од карактерот на средината, да не работат во тешки услови, на сонце“, рече Дурим Зеќири – Стопанска комора на Северозападна Македонија.
Алсат на терен, ги прашавме граѓаните по најавите во европските земји за зголемување за старосната граница, што мислат за евентуално зголемување и кај нас. Велат дека тоа би било преголем товар.
„70години? 70 години пензија, па нема да стаса никој ќе умре пред време тоа е мнгоу 64 е многу, а не 70.“
„Не би требало. За жените и до 60 треба да е. За мажите, за функционерите може, но за работниците не нема.“
„А на повеќе, кој може, ако може може некој некој да издржи добро.“
Пред околку една година фискалниот совет на Република Северна Македонија предложи зголемување на старосната граница за пензија на 67 години, но истиот не беше подржан од властите. Последен случај каде што се зголеми старосната граница беше во Данска на 70 години, со што стана највисока во Европа.
Ангел Димовски