ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Ова е единствената слика од Ван Гог што била продадена додека бил жив

Можеби додека гледате слики на Винсент ван Гог некогаш ви поминала мисла низ умот дека сакате еден ден да поседувате некое од неговите уметнички дела. Ако е така, ќе мора да застанете во ред со повеќе милијардери, па дури и тие можеби никогаш нема да дочекаат некое од делата да биде дадено на аукција.

Advertisements

Ова веројатно би било изненадување за самиот Ван Гог, кој починал практично непознат, по уметничка кариера од само десет години. Во тоа време тој успеал да продаде точно една слика, барем според одредени дефиниции за продажба. Ван Гог нудел слики за храна и намирници, а прифаќал и помош, почнувајќи од неговиот чичко Кор. Но, што се однесува до продажбата на слики направена на луѓе што не му биле роднини преку официјална продажба, познато е само купувањето на едно дело: „Ла Вињ Руж“.


Познато уште и како „Црвените лозја кај Арл“, или едноставно „Црвеното лозје“, на сликата е прикажан пејзаж на кој Ван Гог наишол „на доцна попладневна прошетка со Пол Гоген на 28 октомври 1888 година, пет дена по пристигнувањето на неговиот пријател во Арле“. Така, пишува Мартин Бејли во весникот „Арт“, кој додава дека „собирањето на грозјето нормално се одвива во септември во Прованса, но жетвата се чини дека била доцна таа година“.

На неговиот брат Тео, Винсент му ја опишал сцената на овој начин:

-Црвено лозје, целосно црвено како црвено вино. Во далечината стана жолто, а потоа следи и зелено небо со сонце, полиња со виолетова и пенлива жолта боја тука и таму, после дождот во кој се рефлектира Сонцето на заоѓање.

Уметникот, сепак, не се преселил за да го постави платното тогаш и таму – наместо тоа, тој го насликал лозјето следниот месец, од меморија.

Винсент му дозволил на Тео да го постави добиеното дело во својот стан во Париз, сè додека не го побарал пак, за да го изложи во годишното шоу во Брисел, поставено од групата наречена „Ли Ван“, во почетокот на 1890 година. Купувачот на делото била една од членките на групата, Ана Бох. Ана платила целосна сума за сликата, а Ван Гог подоцна изразил жалење што не доделил цена за пријател. Но, што и да ја чинело, сигурно било многу поветино во споредба со вредноста на делото денес.

Потоа делото било купено од страна на руски колекционер, па по низа историски премрежја, делото било гордо изложено во Државниот музеј за ликовни уметности во Москва.

Извор: openculture.com
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button