ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, , општината бара вонредна состојба и меѓународна помош

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, , општината бара вонредна состојба и меѓународна помош

Критично е во скопската Општина Чучер-Сандево од пожарот кој зафати делови од овој крај.

Advertisements

Освен Чучер опасно е и во Глуво, Бразда, Кучевиште, Мирковци и се шири до Бутел и други места.

Луѓе кои живеат во овој дел но и во летниот период престојуваат во викендици, за Скопје1 велат дека од вчера има прав и пепел, а денеска од ширењето на огнената стихија неиздржливо е и не се диши од чадот и пепелта. Некои од нив, особено оние со деца, плашејќи се, веќе ги оставиле куќите.

Луѓето се организираат заедно со пожарникарите, копаат ровови за да ги одбранат од огнот куќите и црквите.

На вонредна седница на Општината Чучер Сандево советниците побараа Владата да прогласи вонредна состојба во општината, но бараат меѓународна помош.

Граѓаните се жалат дека опасноста е голема и дека нема соодветна реакција надлежните.

Во текот на денешниот ден, на терен интервенирале општински служби, физички и правни лица, екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК, но условите на теренот се исклучително тешки.
Утре акциите ќе започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button