ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кулминација на авантурата на Османи, поддржана од политичките незнајковци Ковачевски и Маричиќ

Запрашан дали има некакви сознанија пред почетокот на денешната дебата за Извештајот за земјава поднесен од страна на европратеникот Томас Вајц, премиерот Мицкоски рече дека голем број европратеници се изјасниле против амандманот, преку кој се бара отстранување на термините македонски јазик и народ од Извештајот и изрази жалење што во 21 век, сѐ уште има такви пратеници во Европскиот парламент, којшто треба да биде лулка на демократијата.

Advertisements

„Жалам што во 21. век во Европа има и такви пратеници во Европскиот парламент којшто треба да биде лулка на демократијата, кадешто ќе се почитуваат човековите права, идентитетот на еден малуброен народ во Европа, неговиот мајчин јазик нема да биде камен на сопнување, но ете постојат и такви луѓе. Она што е важно е дека онаа авантура инспирирана, пред сѐ од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци, како што се Ковачевски и Маричиќ, ја добива својата кулминација“, рече Мицкоски.

Гласањето по Предлог-резолуцијата на Вајц е предвидено за утрешното продолжение на овонеделната сесија на Европарламентот во Стразбур.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button