СПОРТФУДБАЛ

Шкендија вечер го отвора европското фудбалско лето

Фудбалерите вечерва, со гостувањето кај шампионите на Велс, го започнуваат европскиот поход на македонските клубови од првото коло за квалификациите за Лигата на шампионите.

Advertisements

Македонскиот фудбалски шампион ќе се соочи со тимот на Њу Сејнтс, кој ќе ги пречека на стадионот Парк Хол во Освестри.

Натпреварот започнува во вечерниот термин од 20:00 часот, а реваншот ќе се игра во Скопје на Градскиот стадион идниот вторник, на 15 јули.

Избраниците на Јетон Беќири веќе ги одработија тренинзите, а вечерва тетовчани ќе истрчаат на теренот со надеж дека ќе остварат добар резултат како во 2018 година, кога ги победија “Светците” со 5:0.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button