
Англискиот тим Челзи е првиот финалист на Светското клупско првенство. Во полуфиналето сините од Лондон со 2:0 беа подобри од бразилскиот Флуминенсе.
Јунак на Челзи е 23-годишниот Бразилец, Жоао Педро кој ги постигна двата гола на ефектен начин, против својот некогашен клуб.
Уште во 18-тата минута Педро со прекрасен волеј удар од 18.мести ми донесе водство на Челзи од 1:0. Истиот фудбалер, во 56.миунута по брзата контра, уште еднаш ја „искина“ мрежена на противникот.
До крајот на натпреварот имаше уште по некоја шанса за гол, на двете страни, но резултатот остана не променет.
Така Челзи во сабота во Њу Џерси ќе има можност да го освои шампионскиот трофеј.