До петок пад на температурите, од викендов повтроно до 40 степени

До петок, земјата ќе биде зафатена од посвежо време за разлика од претходните денови, кога температурите надминаа 40 степени Целзиусови. Според синоптичарите, температурите ќе паднат за 10 степени Целзиусови, додека од викендот повторно ќе се вратат горештините, со максимални температури до 39 степени Целзиусови.
Синоптичарите велат дека бурата што ја зафати Централна Европа, но се приближува и кон Западен Балкан, засега нема најави дека ќе стигне до нашата земја.
Ова лето ќе биде значително потопло и посуво отколку во претходните години. Според синоптичарите, постои многу голема веројатност температурите да ги надминат долгорочните просечни вредности. Температурите би можеле да се зголемат за 3 степени Целзиусови на целата територија на земјата.
Линда Ебиби