МАКЕДОНИЈА
АРМ се вклучува во гаснењето на пожарите

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, донесе одлука за ангажирање на Армијата во гаснењето на активните пожари низ земјата. Одлуката е потпишана согласно Законот за управување со кризи, информираат од нејзиниот кабинет. Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата, а начинот на дејствување ќе го утврди Генералштабот на Армијата.