ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе можат да пријават загадување на животната средина на интернет

Инспекторатот за животна средина воведе онлајн платформа каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат случаи на загадување во реално време. Директорката на овој инспекторат, Ана Петровска, рече дека ќе бидат земени предвид сите случаи поднесени од граѓаните, меѓутоа, за време на конференцијата го спомена недостатокот на кадар. Во овој инспекторат има на располагање 11 инспектори. Сепак, таа се надева дека во текот на оваа година ќе се прошири тимот а додека тоа не се случи ќе соработуваат со општинските инспектори.

Advertisements

Дејан Андонов, од Институтот за комуникациски студии, рече дека платформата ќе им помогне на инспекторатите да бидат потранспарентни за теренските прегледи и мерките што ги преземаат.

Инспекторатот за животна средина се надева дека преку оваа платформа и соработката на граѓаните ќе се намали нивото на загадување и дека ќе се намали и бројот на тие што не го почитуваат законот.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button