Претставен протоколот за работа на градинките


Alsat
03.09.2020 19:21
Во градинките каде нема да има персонал поради мерката на Владата за ослободување од работа за родители на деца до 10 години и хронично болни, соодветната општина ќе мора привремено да обезбеди персонал како замена. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, сепак, вели дека се направени сите подготовки за почеток на работата на градинките на 9 септември.
Министерот за здравство, Венко Филипче ги повтори точките на протоколот кој веќе е одобрен за работа. Меѓу другото, Филипче рече дека во случај детето да има температура додека престојува во градинка,ќе се изолира во посебна просторија и за него ќе се грижи негувателката на групата. Лицето овластено од градинката треба да го извести родителот и да контактира со матичниот лекар како и епидемиолошката служба.
Со одлука на Владата, градинките треба да започнат со работа на 9 септември. Околу 19.000 деца ќе можат да се вратат во овие институции. Во моментот, над 14 илјади родители изразиле интерес. Образовните групи со деца до 2 години не треба да имаат повеќе од 6 деца, додека групите со деца од 2 до 6 години не треба да имаат повеќе од 15 деца. Поради состојбата со Ковид 19, градинките престанаа со работа на 10 март.
Мелихате Рустеми