Раткоцери: Педофилија постои и во албанското општество

Сексуалното злоставување на децата е присутно во нашето општество. Во овој поглед, ниту албанското општество не е имуно, рече универзитетската професорка Ведије Раткоцери, во вечерашното гостување во „Емисија 200“, на Алсат, на дебата за последните случувања по повод случајот „Јавна Соба“.
„Можам да кажам дека од сите материјали, од сите судови во нашата земја што ги имав во моите раце, зборувам за пресуди за случаи што се случиле и на кои им се судело на лица, можам да кажам дека педофилија, сексуална злоупотреба на деца под 14-годишна возраст е присутна во двата етникума, да не ги спомнувам другите малцинства, така што имаме педофили во албански семејства, имаме и Албанци обвинети и осудени за сексуално злоставување на деца. Но, за жал, тоа е таква тема што секогаш ја разгледуваме и мислиме дека тоа е нешто што нема да ни се случи или е нешто далечно што им се случува на другите. Но, тоа е нешто многу поблиско отколку што можеме да замислиме“, рече професорката Раткоцери.