ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Маричиќ и Николовски не требаше да чекаат интерпелација, сами да си поднесеа оставки

Љупчо Николоски и Бојан Маричиќ не требаше да ја чекаат интерпелацијата, туку требаше да дадат оставки. Ваквиот став на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Миксокит доаѓа еден ден откако неговата партија поднесе иницијатива за интерпелација против вицепремиерот за борба против корупција и министерот за правда.
Од СДСМ велат дека во принцип не се противат на интерпелациите, туку бараат пратениците од ВМРО ДПМНЕ да ги докажат нивните обвинувања и да не се повикуваат на лажни вести.
Интерпелацијата против вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров дојде на дневен после скоро два месеци по поднесувањето на иницијативата, додека не е познато кога ќе се дебатира за одговорноста на Николовски и Маричиќ..
Адриан Керими