ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УНЕСКО алармира за испуштањето вода во Дрим

Ако до пред три недели од испустот на вода кај Струга се испуштаа само околу 2 кубни метри вода во секунда, сега истекуваат 19. Светската организација за заштита на природните и културни реткости, УНЕСКО, во последниот извештај посочи дека е потребна контрола на степенот на искористување на водата од Охридското езеро за производство на струја.

Advertisements

„Хидрологијата на езерото е погодена од неконтролирани испуштања на езерска вода во реката Црни Дрим и со климатските промени, со продолжени суви периоди без обилни дождови, намалувајќи го нивото на водата.“

Но, од Електрани на Македонија велат дека причината за отворање на речиси сите порти на истекот е поради поволните хидролошки услови, па сега било вистинско време да се наполни акумулацијата Глобочица.

АД ЕСМ има Водостопанска дозвола за користење на вода од Охридското Езеро за производство на електрична енергија, со почитување на одредбите кои се наведени во истата…“

Но, со ова не се помируваат еколозите. Според нив, вредностите мора да се коригираат.

 „…Треба да има корекција во тие коти, со оглед на новите сознанија и новите случувања кои ги имаме со климатските промени.“

„..Државата треба да си преземе одговорност испуштањето на Охридското езеро да си го регулира со мерни инструменти и со посоодветна техника за испуштање.“

Договорот меѓу Македонија и Албанија со кого се регулираат котите на езерото и испустот на вода во Дрим е стар. Тој е потпишан во 1957 година, но тогашните економски и еколошки прилики не се соодветни со денешните, велат еколозите, кои се резултат и на климатските промени.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button