Рама на средба со Мета: Подготвени сме за било кој датум за избори, освен 2 мај – Велигден


Алсат
04.09.2020 13:34
Албанскиот претседател Илир Мета денеска ги почна консултациите со политичките партии за одредување датум за парламентарните избори што ќе се одржат следната година.
-Ве повикав за консултации околу датумот на изборите во рокот утврден со Уставот, за да имаме сеопфатен процес и да ги почитувате сите чувствителности. Во врска со ова, би бил заинтересиран да го слушнам вашето мислење како претставници на СП и мнозинството, рече Мета.
Рама кусо го пренесе ставот на партијата и сојузниците.
-Ние сме подготвени за било кој датум, освен 2 мај, бидејќи тогаш се паѓа православен Велигден, рече Рама,што подразбира дека одлуката за датумот ја остава на Мета.
Според Уставот можниот датум за следните избори треба да биде меѓу 15 април и 15 мај 2021 година.