ЕКОНОМИЈА

Кочовска: Со новиот пакет финансиска помош да се таргетираат најзагрозените дејности

Изминатата година стопанството не ја доби доволната помош од државата, смета претставничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочовска, во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Кочовска, којашто беше заменик на министерот за финансии за време на техничката влада, оценува дека новиот пакет треба да предвидува субвенционирање на најзагрозените дејности.

Advertisements

„На почетокот на 2021 година имаме компании коишто навистина се во многу тешка состојба. И оние пари коишто ги имаа како резерва тие ги потрошија. Сега навистина им треба помош. Апелирам во мерките да се таргетираат оние дејности каде што е потребна помош и да се помогне не само три месеци и да не се оди на варијанта тие фирми да ги вратат парите“, рече Димитриеска Кочовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button