ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев подготвен да прифати одложување на пописот за еден или два месецa?

Само две недели по усвојувањето на законот за попис, се погласни се најавите од властите за негово пролонгирање. Премиерот Зоран Заев не се противи на предлогот на претседателот Стево Пендаровски да се одложи пописот за еден месец или два, со цел да се постигне политички консензус со опозицијата, но сепак бара пописот да се спроведе.

Advertisements

За разлика од него, партнерот ДУИ вели дека нема причина да се одложува пописот.

„Законот е веќе усвоен и како таков треба да се почитува. Никој не треба да се плаши, не треба да се плаши и не треба да има предрасуди овој процес. Нема причина за одложување, нема причина за пролонгирање и ништо не се добива со тоа”, рече Арбер Адеми, ДУИ.

За лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, одложувањето на еден или два месеци не е прифатливо. Бара пописот да се реализира после една година или целосно во електронска форма. За оваа цел, ВМРО-ДПМНЕ официјално ја започна пред ДИК постапката за собирање потписи за укинување на законот за попис.

Евентуалното одложување на пописот ќе бара политичка одлука и нова иницијатива во Собранието, рече претседателот на парламентот Талат Џафери, во интервју за МИА. Но, според Џафери, доколку пописот не биде реализиран во следните месеци, ќе има јаз и правен хаос.

Ден претходно, претседателот Стево Пендаровски, во интервју за ТВ 24, предложи одложување на пописот за еден до две месеци, со цел да се постигне политички договор и да се исполни барањето на опозицијата за заштита од вирусот.

Пописот на терен, според важечкиот закон, треба да се изврши од 1 до 21 април 2021 година. Електронскиот попис на Дијаспората треба да започне од 1 март.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button