МАКЕДОНИЈА
Северна Македонија оценета како „хибриден режим“, „Економист“ ја сместува меѓу Бангладеш, Украина и Молдавија

Северна Македонија е оценета како „хибриден режим“. На глобалниот индекс за демократија Македонија е на 78-то место. Поради тоа, угледниот економски магазин „Економист“ ја смести земјава во друштво со Бангладеш, Ел Салвадор, Украина и Молдавија. Вкупната оценка која земјава ја доби на најновото рангирање изнесува 5,8 и претставува пад во однос на минатата година. Од можни 10 поени најлоши оценки се добиени по политичка култура и тоа три поени, функционирање на владата пет поени, граѓанска слобода седум поени. Најдобро рангирана држава во светот е Норвешка со оценка 9,8 а најлошо Северна Кореја со 1,08 поени..