Алијанса – Алтернатива: Талат Џафери спречува расправа за државјанствата

Младинскиот форум на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го обвини претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ја попречува расправата за нивниот предлог-закон за државјанство. Имено, Џафери не свикувал седница на која точка на дневниот ред би бил овој закон. Според нив, на тој начин спикерот станува директен виновник кој го попречува донесувањето на законските измени и на многу граѓани им го ускратува правото да добијат државјанство.
„Бараме од вас јавен одговор: Кој ве тера да го попречувате тоа и за чии интереси го правите? Ако и понатаму се однесувате на овој начин кон ова граѓанско право, ние ќе продолжиме да ве сметаме за одговорен зашто граѓаните не може да добијат државјанство, а вие ќе треба да објасните зошто го правите тоа. Можеби тоа што станавте претседател на Собранието за вас е гордеење, но не заборавајте дека многу луѓе ја започнаа својата кариера со слава, но ја завршија со срам“, рече Селам Сејфула, Младински Форум на Алијанса и Алтернатива.