ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Монструм“, пресудите на 23 февруари

Обвинетите во „Монструм“ побараа судот да ги ослободи од вина. Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири рекоа дека не се убијците на четирите момчиња и рибарот на Смилковското езеро пред девет години.

Advertisements

„Ме терети обвинителствто дека сум направил некое кривично дело кое категорично го отфрлам тоа по било кој основ дека сум направил кривично дело. Барам судот да го цени тоа и да донесе соодветна одлука имајќи предвид дека 9 години ме мачат, ме влечат по судови“, изјави Фејзи Азири, обвинет.

„Барам судот да донесе ослободителна пресуда“, рече Хаки Азири, обвинет.

„И јас сум татко на две деца. Ако не сакам на моите деца да им се случи тоа, толку би посакал да им се случи и на другите“, рече Агим Исмаиловиќ, обвинет.

Адвокатите на обвинетите останаа на ставот, како и во изминативе девет години, дека „Монструм“ е конструиран случај, а обвинетите се невини.

„Длабоко сме убедени дека се работи за исконструиран случај. Сепак, останува обврската на обвинителството вината да ја докаже надвор од секакво разумно сомневање. Па, се поставува прашањето дали застапниците на обвинението со својот во наводници зборам, прецизиран обвинителен акт, успеаја во тоа?“, истакна Насер Рауфи, адвокат.

Адвокатите на убиените момчиња и рибарот побараа максимални казни за обвинетите. Повторената постапка покажала дека се тие извршители на убиството, а „бомбите“ на СДСМ не откриле нови моменти.

„По преслушувањето на сите расположливи „бомби“ со кои располагаше СЈО не се утврдија некои битно различни факти од претходно утврдените во претходната кривична постапка, освен што се одржаа многу рочишта и се одзема многу време за носење првостепена пресуда“, рече Дафина Ивановска, адвокат.

Пресудата за „Монструм“ судот ќе ја соопшти на 23 – ти февруари.

Обвинителството бара доживотни казни за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кој се во бегство како и за Агим Исмаиловиќ, сите обвинети за тероризам. За Хаки и Фејзи Азири побара максимални затворски казни за помагање тероризам. Обвинението беше повлечено за Сами Љута поради недостиг на докази. Претходно, во првото судење пред неколку години, сите беа осудени на доживотен затвор, а случајот почна да се суди одново откако Врховен ја укина пресудата, а предметот го презеде сега згаснатото СЈО.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button