ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Гоце Делчев“ ги скара Софија и Скопје

Необична кавга на социјалните мрежи меѓу политичарите за етничката припадност на Гоце Делчев, додека Скопје и Софија како и секогаш одделно ја одбележаа 149 – годишнината од неговото раѓање. Преку објава на Фејсбук, премиерот Зоран Заев напиша дека не може да се негира историскиот придонес на Делчев во формирањето на македонската држава.

Advertisements

„Како инспиратор и поттикнувач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство во политичките предизвици со кои се соочуваше државата. Неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска, да продолжиме да градиме држава со напредок во демократијата и економијата, која денес е членка на НАТО и земја која се движи кон членство во ЕУ.“

На објавата на Заев, прокоментираше бугарскиот европратеник Ангел

„Зоран Заев, морам повторно да те потсетам дека македонската револуционерна организација е бугарска. „Додека Ѓорѓи (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство во бугарскиот град Кукуш, се самоидентификуваше како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер.“

Во дебатата се вклучи и македонскиот опозициски лидер Христијан Мицкоски, кој му одговори на Џамбаски.

„Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја.“

Во меѓувреме, слични позиции на оние на Џамбаски беа изразени од Бугарскиот вицепремиер Каракачанов, кој на својот профил напиша дека Гоце Делчев се жртвувал за постоењето на Бугарија, односно за слободата на бугарскиот народ во Македонија. „Нема да дозволиме Гоце Делчев да се асимилира по смртта, додаде тој. Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пак, беше понеутрален. На својот профил, Борисов напиша дека Гоце Делчев е еден од најпознатите херои од заедничката историја. Тој дури изрази надеж дека следната година, јубилејот, 150 – годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде одбележана заедно со, како што рече, „пријателите и браќата од Македонија, обединети на патот кон европската интеграција“.

Македонската опозиција ја критикуваше Владата дека не присуствувала на денешниот настан со високи државни лидери, туку само со заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, кој положи венци на гробот на Гоце Делчев.

Anesa Salihu

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button