ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Нема предвремени парламентарни избори

Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Гевгелија, одговарајќи на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале и заедно со локалните.

Advertisements

„Сите тешки одлуки што се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отворање нови работни места, да ги мотивираме ваквите инвеститори да инвестираат во нови инвестиции, да отвораат работни места, да го зголемуваат својот извоз, бруто домашниот продукт на државата, а со тоа и благосостојбата на целиот народ“,изјави Заев денеска во Гевгелија.
Тој повтори дека секои предвремени избори ги кочат ваквите процеси и затоа ќе се чекаат редовните во 2024 година.

„Редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа, а дотогаш треба буквално сите, почнувајќи од мене, претседателот на државата, извршната власт, општините, но и сите наши граѓани, да ги засукаме ракавите и да работиме. Само така ќе имаме голема плата, само така ќе има поголеми инвестиции, само така ќе има поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ“, рече Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред два дена рече дека во земјата треба да се одржат предвремени парламентарни избори, ако е можно, и заедно со локалните, со што ќе се обезбеди стабилно владино мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори заедно со локалните

Вчера, тој повторно го оспори мнозинството на власта во Собранието, истакнувајќи дека при гласањето за интерпелацијата на вицепремиерот Никола Димитров, мнозинството имало 55, а не 62 гласа.

„Она што се покажа на интерпелацијата на Димитров е дека Заев ја нема довербата од 62 пратеника. Што значи, ако денеска би се гласала доверба на Владата, тој нема да помине, затоа што ќе има само 55 пратеника. Да не тие шест или седум пратеника гласаат друго парламентарно мнозинство или друга влада набргу од денес?“, изјави Мицкоски во Чојлија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button