Угостителите од Струга бараат помош од општината

Струшките угостители бараат директна помош од општината, со цел како што велат, полесно да можат да се справат со последиците кои со себе ги предизвика пандемијата со ковид 19. Бараат да бидат субвенционирани за комунални услуги, да бидат ослободени од плаќање на давачките за поставување на урбана опрема пред своите објекти. Велат, Струга е туристички град и затоа општината мора да размислува да му помогне да туризмот.
Во однос на закупнините, кириите, ние летово имавме малку работа, поставуваме долу неколку маси, а општината ни вели да платите за масите. Ние слушаме одредени земји помагаат и во тој дел. Да не ослободат. Тоа е една мала помош. Или за фирмарина. Тука мора сериозно да се размислува. Се надеваме дека мај – јуни ќе е подобро. Но, треба да се преживее. Ние ги трошиме последните залихи – изјави Боро Симјаноски-угостител од Стругa.
Општината не само што не дава никакви субвенции, туку напротив општината преку јавните претпријатија пушта тужби на фирмите. Конкретно, јас пред неколку дена добив тужба од Водовод. Иако добро знаат дека падната е работата 70%, не само кај мене туку генерално во угостителскиот сектор. Ако треба и со адвокат, ако треба и до меѓународни претставници ќе пуштиме писмо – рече Илкер Гаваз- угостител од Струга.
Гаваз вели дека ако не се нормализира ситуацијата, јавните претпријатија треба да ги одложат наплатите на давачките во рок од една година, а УЈП плаќањата на даноците. Во однос на помошта на државата со минимални плати, Симјаноски вели дека оваа мерка мора да продолжи најмалку до јуни.
Без тоа ќе настанат сериозни проблеми. Ние и онака едвај крпиме со трошоците, да не затвориме, да не ги пуштиме луѓето дома да си одат. Се бориме. Сега мора да дојде и до одложување на ратите на кредитите. Неопходно е тоа. Барем до јуни месец. Да се надевам дека до тогаш ќе закрепнеме, ќе дојдат вакцините и ќе почнеме понормално да работиме – изјави Боро Симјаноски-угостител од Струга.
Угостителите велат дека прометот во сите овие месеци со исклучок на август за време на туристичката сезона и декември кога беа присутни дел од печалбарите им бил намален и до 70%. Многумина изминатите месеци отпуштија дел од вработените, а други пак ставија и клуч на врата. Побаравме став од општина Струга, дали размислуваат да му помогнат на угостителскиот сектор, но одговор не добивме. гостителите велат дека прометот во сите овие месеци со исклучок на август за време на туристичката сезона и декември кога беа присутни дел од печалбарите им бил намален и до 70%. Многумина изминатите месеци отпуштија дел од вработените, а други пак ставија и клуч на врата. Побаравме став од општина Струга, дали размислуваат да му помогнат на угостителскиот сектор, но одговор не добивме.
Мики Трајковски