МАКЕДОНИЈА
Трет ден се урива дивоградбата пред Мавровка


Алсат
04.09.2020 12:48
Дивоградбата пред трговскиот центар Мавровка продолжи и денеска. Во моментов градежна механизација го расчистува шутот за да овозможи пристап на хидрауличниот клин до преостанатиот дел од објектот.
Активностите започнаа во средата откако владата во вторникот донесе одлука уривањето да го спроведе „Македонија пат“.
Дивоизградениот објект никна на местото на некогашното кафуле „Фонтана“, кое во мај изгоре во пожар и тоа среде полициски час.
Општина Чаир цело лето ветуваше дека ќе ја урне дивоградбата, но тоа не го стори.
Во меѓувреме на терен градежните активности запреа, а сопственикот не ја урна градбата иако Чаир тоа го побара.