Пандемијата ја влоши состојба во затворите

Пандемијата со Ковид19 дополнително ја влоши и онака лошата состојба во затворите.
Катастрофалните услови во кои живеат затворениците, како мувла, влага, испукани sидови, уништени тоалети со искршени прозорци, го ослабуваат имунитетот на затворениците и ги става во поголем ризик доколку се заразат со корона. Хелсиншкиот комитет во текот на 2020 година набљудуваше 11 затвори во земјата. Ина Џугуманова вели дека во затворите Идризово и Штип просториите што претходно служеле како изолациони ќелии биле користени за изолација на заразените или на оние кои имале контакт со заразените.
Ина Џугуманова вели дека потребна е волја за подобрување на условите во објектите
За состојбата во која се наоѓаат казнено поправните установи во земјава, пред извесно време алармирал и Народниот правобранител, посветувајќи значителен дел од својот извештај на ова прашање. Иако некои такви институции се реновирани како што е затворот во Идризово или во Битола каде што е изграден нов поправен дом, повеќето од останатите установи продолжуваат да бидат во лоша состојба.
Еви Шкопи