ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стоматолозите: Постојаното носење маски ги загрозува забите

Постојаното носење маски ги загрозува забите, велат стоматолозите. Оваа теза е документирана и според неодамнешните студии во САД, кои откриле научна поврзаност дека оралните заболувања се поврзани со повеќечасовното носење на маска без прекин. Стоматолозите велат дека ова се должи особено на недостаток на орална хигиена. Стоматологот Фисник Касапи вели дека во последните месеци е зголемен бројот на пациенти кои бараат основни стоматолошки услуги.

Advertisements

Со носењето на маската првотнешто што се случува во устата е сушењето. Со ова доаѓа до намалување на нивото на плунка, што е прва бариера што го запира воспалението на непцата и појавата на кариес. Сува уста е една од причините што предизвикува оштетување на оралната хигиена, проследено со постепено расипување на забите, гингивата и зголемено ниво на бактерии во устата – изјави Фисник Касапи, специјалист стоматолог.

Обидувајќи се да се заштитиме од инфекција Ковид-19, носењето маски подолго време предизвика несакани ефекти, велат од здружение на стоматолози Албанци. Претседателот на ова здружение, Кенан Ферати, вели дека паниката за време на карантинот направиле да не се посетат стоматолозите а штетите се големи. Тој признава дека дури и стоматолозите првично се плашеле да станат жариште на Ковид-19.

Имаме категории кои не се двоумат да дојдат а имаме категории кои се двоумат. Оние кои не сакаат да дојдат, понекогаш ја земаат пандемијата како причина. Исто така, тоа влијае на здравствената едукација на пациентот бидејќи тие се посветени на хигиена на устата онолку колку што им е потребен третман на забите, иако имаме голем прилив на пациенти се обидуваме да се придржуваме до препораките против ковид 19 – рече Кенан Ферати, претседател на здружение на стоматолози Албанци.

Податоците што ги обезбедивме од Фондот за здравство покажуваат дека матичните стоматолози помалку биле посетени за време на пандемијата. Во текот на 2020 година имаше помалку стоматолошки третмани, односно нешто повеќе од 100 илјади луѓе ги лекувале забите. Фондот за здравствено осигурување забележува дека пред една година имало над 36 илјади повеќе интервенции, односно во текот на 2019 година фондот исплатил над 8,7 милиони евра на стоматолозите.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button