ВЕСТИСВЕТ

Борел: Русија отфрли поконструктивен дијалог со ЕУ

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изрази длабока загриженост во врска со одбивањето на Русија да има „поконструктивен“ дијалог со ЕУ и ги повика земјите членки да одлучат за понатамошните мерки, вклучително и можноста за санкции. „Руските власти не сакаа да ја искористат можноста за поконструктивен дијалог со ЕУ. Жално е … Останува на земјите-членки да одлучат за следните чекори, а тоа може да вклучува и санкции“, напиша Борел на Твитер по враќањето од посета на Москва.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button