ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 9 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два нови приеми на пациенти, исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.