ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе се усвои за време на португалското претседателство

Шефот на словачката дипломатија Иван Корчок, кој е во посета на земјава, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ ќе биде усвоена за време на португалското претседателство.

Advertisements

-Се надевам дека вашата преговарачка рамка ќе се усвои за време на португалското претседателство и оти сите земји-членки ќе постигнат консензус по тоа прашање, рече Корчок.

Во однос на тоа дали пандемијата ќе го одложи прашањето за преговарачката рамка да се најде на следниот состанок на Советот за општи работи, Корчок рече дека не можеме да си дозволиме пандемијата да не спречи за да работиме за она што мислиме дека е важно за ЕУ кога е во прашање проширувањето.

-Пандемијата не треба да не спречи да ја утврдиме преговарачката рамка преку која го оценуваме напредокот на земјата, на она што го постигнала, во смисла на исполнување на условите за членств, истакна Корчок, додавајќи дека Северна Македонија веќе направи многу, близу сме до тоа, но е потребен консензус.

За шефот на словачката дипломатија владеењето на правото е клучен критериум. -Се започнува и се завршува со владеење на правото, а борбата против корупцијата никогаш не престанува, вели шефот на словачката дипломатија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button