Османи: Нашиот пристап е да се вратиме на начелото на Договорот за добрососедство со Бугарија

Во однос на Акцискиот план сакам да кажам прво дека идејата на Договорот за добрососедство со Република Бугарија беше да се институционализира дебатата по однос на разликите што ги имаме, за да не станат жртви другите процеси од оваа дебата по однос на прашањето за кое имаме разлики, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.
-Ниту процесот на евроинтеграции, ниту пак соработката во другите планови – економската соработка, инфраструктурната соработка…, бидејќи нашиот пристап е дека треба да се вратиме на начелото на Договорот и затоа сметавме дека треба да се претстави акциски план со цел да продолжиме во соработката, да го одржиме амбиентот во соработката помеѓу двете држави додека разговараме, рече Османи во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата со неговиот словачки колега Иван Корчок.