ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Туристички сектор – Вакцинацијата услов за да каниме гости!

Хотелските и угостителски работници во земјава да бидат меѓу приоритетните кои ќе бидат вакцинирани против Ковид-19. Ова на средбата со претставниците на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, го побараа од хотелската асоцијација на Македонија. Од ХОТАМ велат – ако сакаме домашни и странски гости, тие мора да бидат сигурни дека ќе бидат сместени и услужени од безбеден персонал. Во земјава има меѓу 15.000 и 20.000 угостителски и туристички работници.

Advertisements

„…Ако тоа нема да биде спроведено, нема да имаме безбедна дестинација. Гостинот нема да ја чувствува таа безбедност кога ќе треба да допатува и кога ќе треба да се одлучи дали да патува во Македонија“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Од Агенцијата за туризам уверија дека барањата ќе ги пренесат до Владата. А, поради актуелната ситуација, очекувањата за оваа туристичка сезона се насочени кон домашните гости, кон соседите, но и кон уште една држава којашто е важна за туризмот на Охридското езеро.

„…Многу е приоритетно 2021-ва да создадеме услови за зелени зони и со Холандија. Тука се големите тур-оператори кои под одредени услови ќе се обидеме да ги донесеме, можеби не во толку голем број“, изјави Љупчо Јаневски-директор на Агенција за поддршка и промоција на туризам.

Но, пред сето ова, хотелиерите и угостителите бараат вакцинацијата во земјава да започне што е можно побрзо. Тоа е првиот предуслов за потоа да може да се почне кампања во странство каде на потенцијалните гости Македонија ќе им се нуди како безбедна дестинација за патување.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button