ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средбите Белград – Приштина продолжуваат во Брисел


По потпишувањето на договорот за нормализирање на економските односи меѓу Косово и Србија во Белата Куќа, средбите меѓу Приштина и Белград продолжуваат денеска и утре во Брисел на експертско ниво. На дневен ред се прашањата за исчезнати и за раселени лица како и економската соработка. ЕУ кратко го коментираше договорот кој беше вчера потпишан во Вашингтон со: „Го имаме во предвид ова“, додавајќи дека очекуваат продолжување на дијалогот во Брисел, чија цел е да се постигне сеопфатен и правно задолжителен договор.

Договорот од Вашингтон предизвика различни реакции во Косово и во регионот. Во Косово, политичките партии со различни ставови. Претседателот Хашим Тачи го поздрави договорот и додаде дека „Косово им верува на Соединетите држави“. Договорот го поздрави и претседателот на владејачката АИК, Рамуш Харадинај, кој пред да се потпише, дознал дека во него е вклучено и езерото Газивода/Ујман, на што тој се спротивстави и се закани дека ќе ја напушти владата. Но, подоцна договорот беше поддржан од него, бидејќи како што рече „прашањето за езерото Газивода/Ујман не е вклучено“.

Опозицијата реагираше остро, но и претседателот на Собранието, Вјоса Османи, која меѓу другото напиша дека делегацијата на Косово не успеа да ги реализира ветувањата кон земјата и граѓаните како што се: Меѓусебно признавање со Србија, непреговарање за употреба на ресурсите (како што е Газивода/Ујман), неприфаќањето на Мини – Шенгенот (или како што се нарекува Мини – Југославија), недопирањето на уставот и декларацијата за независност и други прашања..

Членот на раководството на Движењето Самоопределување, Албулена Хаџиу вели дека со овој договор, премиерот Абдула Хоти и неговата делегација се откажале од независноста на Косово, потпишале штетни договори, спротивни на Уставот. Додека од опозициската ДПК велат дека претставниците на Косово ја изгубиле можноста за меѓусебно признавање на Косово и Србија.

И самиот српски претседател Александар Вучиќ беше дел од реакциите. Тој напиша дека Србија не потпишала договор со Косово туку со САД. Но, потоа одговори специјалниот пратеник на американскиот претседател Ричард Гренел, кој меѓу другото рече дека Косово и Србија не потпишале ништо со Соединетите Држави.

Договорот за нормализирање на економските односи меѓу Косово и Србија беше поздравен од другите лидери во регионот. Меѓу другото, договорот вклучува двете страни да го спроведат договорот за автопатот Приштина – Белград, за железницата, Косово да биде дел од Балканскиот Минишенген, дека двете страни ќе соработуваат со Департманот за енергетика на САД и други субјекти на Владата на САД во физибилити студијата за целите на поделбата на езерото Газивода/Ујман, како сигурен извор на вода и енергија, итн.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button