Реакции за пресудата за сообраќајката кај Католичка црква пред две години


Алсат
05.09.2020 16:37
Незадоволство и бурни реакции на социјалните мрежи, по вчерашната пресуда за сообраќајката со смртни последци која во 2018 година се случи во близина на католичката црква во Скопје. Сопругата на жртвата е револтирана од судскиот процес и од одлуката на судијката да изрече условна казна за обвинетиот.
„Денеска во Името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при Основен Суд Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!!
Само затоа што признал! Дно дна!“, вели Наташа Апостолска, сопруга на жртвата.
Претседателот на кривичниот суд Иван Џолев, во изјава за „360 степени“ вели дека ќе се воздржи од коментар додека не собере повеќе информации за случајот.
„Во моментов немам повеќе информации за пресудата. Таа беше донесена вчера, јас за неа дознав на крајот од работното време. Ќе се интересирам за случајот, од понеделник ќе добијам повеќе информации од судот, по што ќе можам да дадам коментар и став“, вели Џолев.
Според полициските билтени, сообраќајката ја предизвикал 62 годишен возач на џип „ситроен крузер“ кој преминал преку двојна полна лента и го пресекол патот на двајцата сопружници кој се возеле со мотор. Обвинетиот ја признал вината.
Алсат