
Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар се поплавени како последица на обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, пренесува „Информер“.
Според локални медиуми, повеќе куќи во општина Скадар и селото Ливаде се без струја и вода и отсечени од другите делови на државата, а војската го евакуира населението. Некои патишта може да се минуваат само со чамец.
Општината побара од владата да прогласи вонредна состојба во некои делови од неа. Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос.
President @ilirmetazyrtar urges #Albanian government to declare #stateofemergency in #Shkodra after severe #floods
➡️https://t.co/j4TZ9EIC6m pic.twitter.com/H7UBOcDe2w
— Euronews Albania (@EuronewsAlbania) February 11, 2021
Слична е состојбата и во пристаништето Драч, каде сообраќајот на мали и средни пловни објекти е прекинат, а спорадични поплави се забележани и во градот Лушња, каде нивото на водата достигна 30 сантиметри.