ВЕСТИСВЕТ

СЗО: 130 држави немаaт добиено ниту една вакцина против ковид-19

Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП). Тоа значи дека во речиси 130 земји со 2,5 милијарди луѓе, се уште не е пристигната ниту една вакцина против ковид-19, објави Светската здравствена организација (СЗО) на својата веб страница.

Advertisements

СЗО за ова вели дека е „самопоразителна стратегија, која ќе чини животи и егзистенции“, а на вирусот ќе му се овозможи да мутира и да го поткопува глобалното економско закрепнување.

Затоа СЗО заедно со својот партнер УНИЦЕФ ги повика светските лидери да гледаат подалеку од своите граници и да спроведуваат вакцинација поради завршување на пандемијата и ограничување на можноста за мутација, објави СЗО.

Македонија е една од државите во кои што се уште не пристигнале вакцини против ковид-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button