ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Заев сака да опструира во личните карти да стои етничката припадност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема ништо против да се воведе етничка графа во личните карти.
„Не гледам проблем во тоа, во личната карта да стои дека сум Македонец. Апсолутно не гледам причина. За жал, има и такви парламентарни партии кои од страна му служат на Зоран Заев, кои се обидуваат да го спречат тоа. Јас навистина не гледам зошто во мојата лична карта да не стои мојата национална, етничка определба дека сум Македонец, а некој тоа сака да го спречи“, рече Мицкоски.